O5: Сертификација

РАЗВИВАЊЕ НА ШЕМА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ СПОРЕД ПРОЕКТНИОТ КОНЦЕПТ И ПОДГОТОВКА ЗА МЕЃУНАРОДНА СТАНДАРДНА СЕРТИФИКАЦИЈА

Сертификатот за квалитет и компетентноста на советниците кои учествуваат во програмата изработена во текот на проектот, е уште еден резултат со висок потенцијал за преносливост, базирајки се на веродостојни информации како за перформансите на советниците, така и за организациите даватели на услуги.

За времетраење на проектот, ние не само што ќе ја развиеме, туку и ќе ја воведеме (барем во целните земји) шемата за сертификација насловена како QRFA (квалификуван советник за рурални области), за да се позиционира на пазарот на советодавни услуги со „значка за квалитет“ , што ќе биде не само како апстрактна референца за процесот, туку и како визуелно дизајнирана, добро препознатлива ознака, креирана од нашата програма.

Со овој резултат од проектот, би сакале да бидеме комплементарни и да го надополниме постоечкиот CECRA (сертификат за европски консултанти во руралните области) што го управува нашиот партнер во проектот LLKC во ЕУ, како Секретаријат на EUFRAS. CECRA е „испробана програма за воспоставување стандард за советодавни вештини“ (поставувајќи модули за курсеви за традиционални обуки за советници). Нашиот проект, со овој иновативен пристап,  ќе ја потврди/утврди способноста на советникот да испорача квалитетна услуга на ниво на ТЕРЕН*. За ова да се случи, ќе развиеме начин на развивање на компетенции според индивидуалните потреби и ситуации, точно таргетирајки ги местата на недостаток на компетентност, динамично генерирајќи фокусиран, персонализиран материјал за учење и метод за обука.

 *Под ниво на ТЕРЕН, ние не го подразбираме само она што се случува на ниво на нивата на земјоделецот / или во просториите на претприемачот, во една рурална средина, туку секој вид активност што се одвива во директна интеракција со крајниот корисник за време на обезбедување на услугата, при решавање на конкретни случаи и проблеми.

Учеството во QRFA шемата може да обезбеди неколку придобивки и предности за еден рурален советник, преку следново:

  •  Подобрено знаење, преку учење повеќе факти, подобро разбирање на деталите за специфични и вкрстени функционални прашања, како и подобро решавање проблеми на техничко и менаџерско ниво. Преку зголемување на вештините, стекнати на терен, ќе овозможат извршување на задачите поефикасно и поефективно.
  •  Зголемена доверба, која се созадава како резултат на подобрено знаење и зголемена вештина потврдена од сертификат, а воедно искуството од праксата пак создава и поголема самодоверба, што повторно може да резултира со подобрени перформанси.
  • Зголемена вредност како успешен советник во очите на работодавачите и клиентите, воедно создавајќи подобри можности за кариера, напредок на работното место, плата. А преку валидацијата пак, носејќи добро препознатлива „значка“, која индустријата и клиентите ја прифаќаат и ја почитуваат, расте и вредноста на советникот.
  • Зголемен кредибилитет меѓу колегите, во професијата, оддавање сигурност и креирање доверба од страната на клиентите.

Употребата на шемата, исто така, обезбедува позитивно признавање на давателот на услугата како организација и како работодавач на квалификуван и компетентен персонал, со што ја подобрува професионалната слика на самата организација.

 Во вториот дел од оваа работна фаза, ќе подготвиме план за усвојување на меѓународен стандард за сертификација на компетентност на персоналот, имено ISO 17024. Оваа ознака на ISO ја означува вредноста на акредитацијата на работодавачот дека како овластен имателот поминал валидна, фер и сигурна проценка на персоналот за да потврди дека ги има потребните компетенции; обезбеди акредитација која обезбедува дополнителна правна заштита (многу организации веќе се потпираат на оваа ISO акредитација за да обезбедат дека програмата за сертификација е компетентна). Отчетноста и транспарентноста вградени во процесот на ISO поддржуваат сертификати за проценка на сообразност се од значење во обезбедувањето на услугите РАС.

Оваа задача ќе одговори на барањата за ISO 17024, како што се:

 Утврдување на општите барања кои вклучуваат критериуми за правен статус, финансиски средства, одговорност и непристрасност. Утврдување на структурните барања содржат критериуми за организациската структура поврзани со управувањето и обезбедувањето обуки. Како и барањата за потребните ресурси кои дефинираат критериуми за персоналот и вработените, како и други ресурси, како што е инфраструктурата за спроведување на испити.

Базите на податоци и информации кои се поврзани со управување и евиденција на податоците на апликантите, кандидатите и овластените лица, исто така, посочувајќи што треба да биде јавно објавено или доверливо. Критериумите за шемата за сертификација се однесуваат на компетентноста и другите барања за доделување на сертификат на лице, вклучувајќи го неговиот опсег, опис на работата и задачите, како и потребните компетенции.

Утврдување на процесот на барањата за сертификација што се поврзани со апликација, оценување, испитување, одлучување, суспендирање и повлекување од употреба на сертификатот, вклучувајќи логоа и ознаки, како и обработка на жалби и жалби.

Целна група се организацијата - давател на услуги и советникот.